И вечерва реки на граѓани продефилираа низ центарот на Прилеп со едно исто барање, одржување на закажаните избори на 5-ти јуни, право на избор на граѓаните, продолжување на економските реформи и враќање на државата на старите патеки, кои гарантираа нови вработувања, илјадници инфраструктурни проекти и подобар живот на граѓаните.
Ова е Прилеп, порачаа граѓаните организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Револуционерен Прилеп секогаш бил и ќе остане на браникот за одбрана на државата.
Протесите на ГДОМ продолжуваат и утре, со почеток од 18:00 часот пред споменикот Припепски бранители кај хотел Липа.