Општина Прилеп го украси градот поставувајќи одреден број на украси на плоштадот и на Булеварот. Украсено е централното градско подрачје односно плоштадот „Mетодија Aндонов – Ченто“, Булеварот „Гоце Делчев“, плоштадот „Aлександрија“, општинската зграда и фонтаните. Тука е новогодишната елка и различен број на светлечки украси како порти, бастунчина, мразулци, елки, банери со апликации и слично. Од украсите можe да се споменат кочијата со коњите , санката со елените, ѕвончината, шаторчината, мечето, Дедо Мраз…
Украсите кои се поставуваат се осмислени и изработени од локалната самоуправа со што се има поголема заштеда на средства од причина што готовите изработени украси се десеткратно поскапи од оние кои сами ги изработуваме. Исто така при набавката на новите материјали се водеше сметка да истите бидат енергетски штедливи и новите светлечки црева и ламбички кое се набавени се со лед диоди и трошат малку електрична енергија.