(ФОТО) Прилепчанец фатен со над 7400 парчиња пиротехнички средства

Во текот на вчерашниот ден( 26.12.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.