Сопствениците на атељето за венчаници “Барбарела” и градежната фирма “Тврда градба” од Прилеп, деновиве донираа стотици заштитни маски како превентива од пандемијата предизвикана од корона вирусот.
Донации добија Домот за деца без родители и доенчиња во Битола, Домот за стари и изнемоштени лица, полициската станица во Прилеп, Здружение и прифатилиште за заштита на животни, како и на поединци и загрозени семејства.
Во изработка се и заштитни маски за хигиеничарите во ЈКП Комуналец Прилеп.
Сите заштитни маски се стерилизирани и дезинфицирани.
Секоја чест за хуманиот гест кој треба да ги поттикне и сите останати компании кои се во можност да го сторат истото.