Искршени новoзасадените липи по булеварот ,,Гоце Делчев’’, накај автобуската станица во Прилеп – oбјавија од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”.
-Знаеме ли што е зелена општина?Знаеме ли дека сите засадени дрвја го формираат мозаикот на зелена општина?
Знаеме ли дека Општина Прилеп е прогласена за најзелена општина од страна на Канцеларијата на Европската унија во Скопје? Се знаеме и повторно правиме штета– пишуваат од Јавното претпријатие.