На интернационалниот избор “Мiss Freedom of the world”, кој се одржа од 8-ми до 18-ти во Призрен, Косово, прилепчанката Викторија Луческа се закити со титулата “Mис прес”.
На изборот учевствувале 12 девојки од: Грција, Португалија, Намбија, Црна Гора, САД, Канада, Јапонија, Алжир, Косово, Албанија, Германија и Македонија.
Убавата Вики одново заблескала и ги придобила симпатиите на жири комисијата, при што освои нова Мис титула за кратко време. Претходно на 15-јули, се закити со титулата “Мис елеганција” на натпреварувањето “Мис Адриатик” во Хрватска.