Фризерката од Кривогаштани, Светлана Зуламоска Гроздановска, постојано не фасцинира со нејзините вешти уметнички дела направени од коса, а со најновото дело допре до срцата на сите.
Денеска кога се одбележува роденденот на Toше Пpoecки, Светлана го изработи ликот на нашиот никогаш нeпpeжален ангел, а сликата ќе ја краси спомен куќата на Тоше во Крушево.
“Ни го покажа патот и замина на пат. Ни остави дело за вечно да патуваш со нас”, напиша Светле.
На 5 октомври минатата година, датум кој се памети по последниот концерт на Тоше, Светлана исто така со коса го изработи ликот на Тоше во својот дуќан.
Секоја чест!