Катастрофалната поплава која го зафати скопскиот регион по метеоролошкиот феномен кој се случува еднаш на 1.000 години е регистрирана и од вселената. Сателитските фотографии направени пред и по поплавите ја покажуваат вистинската слика за големината на зафатеното подрачје и силината на водената маса.
Коперникус е сервис на Европската комисија кој е задолжен за менаџирање со природни катастрофи и хуманитарни кризи. Коперникус обезбедува точни геoпросторни информации добиени од сателитско далечинско набљудување на подрачјата каде што имало природна катастарофа.
Веднаш по поплавите на 06.08.2016 година Коперникус до Дирекцијата за заштита и спасување на 08.08.2016 испрати сателитски снимки со податоци од елементарната непогода која ја погоди Република Македонија односно скопскиот регион. Коперникус истите податоци ги објави и на страната на Европската унија односно на Европската комисија.
Агенцијата за катастар на недвижности ги превзеде сателитските снимки кои беа направени од Коперникус со што ги прилепи со катастарските податоци и истите ги дистрибуираше до кризниот штаб формиран од Владата на Република Македонија, АРМ, МВР како и дo Бирото за судски вештачења за полесно да ги изврши процентките за штетите од поплавите на терен. Исто така граѓаните можат овие снимки да ги видат на веб страната на Kатастарот.
- Скопје и поплавениот регион
- Поплавата во Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Илинден снимена од сателит
- Ченто, Инџиково и Илинден пред поплавата
- Ченто, Инџиково и Илинден пo поплавата
- Стајковци пред поплавата
- Стајковци по поплавата