ФОТО: Првиот снег го побеле Балканот

По невобичаеното топло време во ноември на Балканот, во Хрватска, во Словенија и во Босна и Херцеговина, вчера значително се намалија температурите и падна првиот снег.

bih-prvi-sneg-1448116892-788923-520x351

Температурите на воздухот во Хрватска се двжеа од два до седум, а снег падна на Сљемен, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса.

„Јутарњи лист“ објави дека снегот и силниот ветер предизвикале сообраќаен хаос на автопатот Загреб­-Риека.

sneg-hrv-520x392

Во Словенија вчера утрото врнело дожд, а потоа снег.

Бране Грегорчич од словенечката Метеоролошка служба изјави дека во пониските предели се очекува снежната покривка да достигне од пет до десет сантиметри, а на планините од 20 до 40 сантиметри.

rs-sneg_620x0_620x0-520x347

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина вчера вечерта почна да паѓа слаб снег, кој не се задржува на патиштата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.