Карло Акутис, кој ја загуби битката со леукемиjaта кога имаше само 15 години во 2006 година, беше силно заинтересиран за религијата и информатиката. Момчето од Милано вчера во Ватикан беше прогласено за локален светец.
Карло беше обично момче, но со своето знаење му помагал на бискупите да направат своја интернет страница, а потоа креирал и интернет изложба за верските чуда од целиот свет. Тој често ги посетувал бездомниците, секојдневно ги посетувал мисите, а својот џепарлак го подарувал на католичките добротворни организации.