Роверот на НАСА “Истрајност” успешно ја заврши првата прошетка по Црвената планета и помина 6,5 метри за 33 минути, соопштија од Агенцијата за истражување на вселената.
Краткото тест-патување беше направено со цел да се провери ситемот на роверот. Целта на НАСА е “Истрајност” да помине околу 200 метри или повеќе, кога ќе тргнува во научно истражување.
Роверот се придвижи четири метри, се заврти во место и потоа се врати околу 2.5 метри.
“Погонот на роверот на шест тркала одлично одговори на командите. Уверени сме дека управувачкиот систем е подготвен и дека ќе не води каде и да не однесе науката во наредните две години”, вели инженерот на НАСА, Анаис Зарифијан.
NASA's Perseverance rover has taken its first drive on Mars, just weeks after landing on the Red Planet https://t.co/DwYC6j76x3
— Sky News (@SkyNews) March 6, 2021