Во предизборната кампања за локалните избори во 2017 година, актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ветуваше изградба на спортско рекреативен центар со затворен базен во спортската сала “Македонија”.
Пред извесно време пак, Јованоски изјави дека комплексот базени ќе се гради во населбата Точила, но дека сеуште нема изградено буџет за таа намена и дека тоа ќе се случи в година.
Овие денови пак, граѓаните забележаа дека во големата дупка до средното училиште “Ѓорче Петров”, работат багери.
Наши читатели ни испратија фотографии од таму со ироничен коментар “Дали веќе започна да се гради затворениот базен во Прилеп?”.