(ФОТО) Потпишан договорот за набавка на опрема за фабриката за рециклирање на отпад кај прилепско Алинци

Во просториите на општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески и претставник од хрватската компанија Tehnix-eko d.o.o., го потпишаа договорот за доградба на фабриката за отпад преку набавка на опрема.

-Оваа инвестиција во износ од 49.578.043 денари, претставува сериозен чекор напред во модернизацијата и зголемување на капацитетите за управување со отпадот во Прилеп и регионот. Времетраењето на договорот е 365 дена, а истиот опфаќа набавка и монтажа на современа опрема што ќе овозможи поефикасна и еколошки прифатлива селекција на отпадот. Продолжуваме посветено со реализација на проекти кои обезбедуваат подобра животна средина и повисок стандард за сите граѓани – напиша Јовчески на ФБ.

Во меѓувреме изведувачот, компанијата “Ибо Под”, ја привршува доградбата на фабриката за отпад на површина од 1300м2, во месноста Омец Алинци.

Целокупниот комплекс се гради на површина од 5780м2. Во моментов се работи на инсталација на електричната мрежа и контролните табли во халата, како и бетонирање на плоча за поставување на монтажни бараки за вработените кои опфаќаат: административен дел, кујна за вработените, соби-гардеробери, тушеви и санитарни јазли. Поставена е водоводната мрежа, како и атмосферската и фекалната канализација. За потребите на објектот се изведува био јама со прочистителна станица.

Овој еко стопански клмплекс е започнат со градба во 2016 година, исклучиво со финансиски средства од ЈКП,, Комуналец, -Прилеп. Целокупниот комплекс ќе биде дореализиран со финсиски средства од Министерството за животна средина и просторно планирање по аплициран проект од страна на Локалната самоуправа во износ од 90.000.000,оо денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.