Фото: После 103 години во кутијата на херојот од Првата светска војна е откриено ова

Метална кутија со девет парчиња чоколада е пронајдена меѓу предметите кои му припаѓале на британскиот херој од Првата светска војна, Ричард Булмор.

На англиските војници стационирани во Франција за Божик ми биле поделени метални кутии со подароци.

Од металната кутија на Булмор е изедено само едно од десетте парчиња чоколада.

Кутијата со чоколада стара 103 години заедно со останатите предмети на војникот ќе биде понудена на аукција во вторник.

Водителот на аукцијата Пол Купер од аукциската куќа „Едисон“ изјави дека кутијата само по себе е ретка, но тоа што е полна со оргиналната чоколада е речиси неверојатно.

Меѓу останатите предмети на војникот има и подарок кутија со цигари, тутун и шкорчиња. Интересно е дека и кутијата со цигари е речиси недопрена, бидејќи недостасуваат само три цигари.

Предметите на војникот ќе се продаваат како целина и се очекува да достигнат вредност од 2.000 фунти.

Ричард Булмор е одликуван со повеќе медали за храброст, а по завршувањето на Првата светска војна се вработува во полиција, каде кариерата ќе ја заврши со чин началник. Умира во јануари 1967 година во Лестершир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.