Да се разбудите со тетоважа на лицето и да не знаете кога и каде сте ја направиле е многу непријатно.
Тоа му се случило на овој човек. Откако се разбудил утрото помислил дека некој му нацртал очила со фломастер, но подоцна сфатил дека не е така.
-Си помислив фломастер е и ќе го извадам лесно, но подоцна сфатив дека е трајна тетоважа. На почетокот трпев многу шеги на моја сметка и се лутев поради тоа, но подоцна се навикнав на тетоважата и не ми сметаше, изјавил тој.
Но после две години се решил да ја отстрани тетоважата. Тој бил подложен на шест третмани со ласер, за целосно да ја отстрани.