Деновиве на социјалните мрежи стана актуелна веста за состојбата на пони коњчињата во Паркот на револуцијата во Прилеп. Веста ја рашири активистката и ветеринар, Дариа Шафрина Најческа, која на својот Фејсбук профил објави фотографии и алармираше дека коњчињата се во лоша состојба и лесно би можеле да останат инвалиди, доколку итно не се најде ковач.
На веста брзо реагираа голем број граѓани, па од ЈКП “Комуналец” Прилеп ги слушнаа апелите, па по два дена се најде ковач кој ќе им помогне на коњчињата безболно да газат и понатаму да ги радуваат посетителите на најголемиот парк во Прилеп.
Честитки за Дариа и за сите оние кои помогнаа коњчињата во Паркот на Могилата да бидат спасени!