Дека алигаторите се честа глетка во Флорида веќе се навикнавме, но кога еден од нив беше пронајден во хеланките на една девојка, полицajците не можеа да му поверуваат на очите.
Кога заменикот на шepифот во Шарлот запрел камион кој не го испочитувал знакот “стоп”, 22-годишниот возач му одговорил дека тој и неговата сопатничка собираат жаби и змии под мостот и дозволил претрес на багажот.
Полицаецот бил изненаден кога во женската торба пронашол редок вид на желка, а потоа прашал дали има уште изненадувања.
Девојката во тој момент извлекла мал алигатор од своите хеланки и го оставила без текст.
Not to be outdone by #Floridaman, a #FloridaWoman pulled this alligator out of her pants this morning during traffic stop after being asked the standard "Do you have anything else?" She also had 41 3-stripe turtles in the car. @MyFWC responded to take over the investigation. pic.twitter.com/UdZsDBvh9f
— Charlotte County Sheriff's Office (@CCSOFLSheriff) May 6, 2019
Комисијата за заштита на диви животни во Флорида покренала истpaга, полицијата објави фотографии на Твитер со натпис:” Може ли некој да го надмине ова – жена од Флорида од своите пантолони го изваде ова”.