Германскиот политичар, 77-годишниот Александер Гауланд не поминал добро кога одлучил да се капи во река крај Берлин. Непознати сторители му ја украле облеката која ја оставиле на крајбрежјето и извикале „Нема капење за нацисти“.
Гауланд бил присилен полугол да шета по улица во придружба на полиција која известила дека зад ова кражба веројатно стојат политички причини.
Фотографија од Гауланд како шета само во шорц за капење и чевли на нозете преку ноќ стана вистински хит на друштвените мрежи.
? El señor junto a la Policía es Alexander Gauland, líder de la ultraderecha alemana y nostálgico confeso del Tercer Reich. El fin de semana fue a nadar al lago de Potsdam y alguien le robó su ropa. El ladrón dejó un cartel en su lugar: "nada de diversión para los nazis" pic.twitter.com/Qg2w7vQdo6
— María Emilia Rebollo (@Emilia_Rebollo) June 9, 2018