(Фото) Познатиот српски пејач приведен поради прекршување на карантинот!

Пејачот Радиша Трајковиќ Џани вчера беше уапсен заедно со сопругата Слаѓана, како и фудбалерот Александар Пријовиќ, поранешен репрезентативец на Србија.

Како што се наведува во српските медиуми, тие седеле во после 17 часот во кафе барот на еден од хотелите во центарот на Белград. Полицијата ги уапсила поради прекршување на полицискиот час, а Џани наводно и поради напуштање на карантинот.

“Во полиција сум, не можам да зборувам сега”, кратко одговорила неговата сопруга кога била повикана од медиумите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.