(ФОТО) ПОЖАРОТ ОТКРИ ТАЈНА ПОРАКА ОД ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА: Со децении никој не го видел овој натпис кој бил наменет за германските бомбардери

Ирската полиција со хеликоптер го надлетувала округот Бреј Хед, како би ги виделе последиците од неодамнешните пожари, а во таа прилика забележале огромен натпис од камења.

Со големи букви е напишан зборот “Eire” што значи Ирска. Овие натписи биле поставени ширум земјата како би им укажале на бомбардерите дека станува збор за ирска територија и дека не треба да ја напаѓаат таа област.

Ирска била неутрална за време на Втората светска војна, иако и давала поддршка на Северна Ирска. Шурум земјата поставени се околу 80 вакви знаци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.