Еден од двата најголеми клубови од Мадрид од следната сезона ќе го замени Винсенте Калдерон за нов, модерен стадион. Веќе 4.500 сезонски влезници се продадени за следната година, а новиот дом на Атлетико Мадрид ќе собира околу 67.000 гледачи.
Формата и изгледот на новото фудбалско здание веќе се препознава, а на фотографиите може да погледнете до која фаза се завршени градежните работи на новиот дом на Атлетико Мадрид.