(Фото) Погледнете како науката ја опишува љубовта: Магнетна резонанца од мозокот на мајка која го бакнува своето бебе

Погледнете ја првата магнетна резонанца од мајка и бебе, снимени истовремено.

Во септември 2019 година беше направена една несекојдневна снимка. Снимката ја направи невро-научникот Ребека Сакс, а на неа се гледа нејзината глава и главата на нејзиното двомесечно бебе, додека го бакнува.

На снимката се гледа дека мозокот на бебето е потемен. Тоа се случува, бидејќи мозокот на бебето има помалку бела маса која се состои од масно ткиво, кое служи како изолација за мозочните нерви, пишува “NH Neuro Training”.

Активираните места на снимката покажуваат дека бакнувањето создало хемиска реакција во мозокот. Бакнувањето создава лачење на хормонот окситоцин, кој се нарекува и “љубовен хормон”, бидејќи го поттикнува чувството за приврзаност кон некого.

Со бакнувањето се ослободува и допамин, поради кој се чувствуваме убаво, како и вазопресин кој мајките ги прави да бидат приврзани со бебињата или партнерот. Исто така, се ослободува и серотонин кој помага во регулирање на расположението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.