За земјата меѓу Кавказ и Црно море не слушнале многу луѓе, можеби само постарите генерации, а причината за тоа е фактот што оваа држава повеќе не постои на картата- бидејќи ја нема.
Поранешната автономна советска социјалистичка република во внатрешноста на Грузија, областа Абхазија, прогласи независност во 1992 година, а беше призната од Русија, Никарагва, Венецуела, Наури и Јужна Осетија.
Меѓународните организации како што се ООН, Европската комисија, ОЕСС, НАТО, Светската трговска организација и поголемиот дел од Европа ја признаваат Абхазија како дел од Грузија.
Главен град на Абхазија е Сухум или Сухуми, приморски град сместен на источниот брег од Црното море. Во времето на Советскиот сојуз, Абхазија била омилено летувалиште и одморалиште за љубителите на преубавата природа, а Сухум бил задолжителна станица. Остатоците од римски ѕидини, дворци, како и Беслетскиот мост од 12 век и ботаничката градина со повеќе од 5000 растенија од 1840 година, се само дел од атракциите на овој град.