(Фото) Пачешкоски и Талевски во најмалата сала раскажуваа како се живеело преубаво денеска?

Во салата на киното “Мис Стон”, СДСМ вечерва одржа трибина со членството насловена како “Политики за подобра сегашност и безбедна иднина”.

Говорници на трибината беа претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и пратеникот Миле Талевски, кои зборувале за тоа како Владата предводена од СДСМ преземала активни мерки за надминување на последиците од кризата и зачувување на животниот стандард на граѓаните.

-СДСМ работи за граѓаните, а ДПМНЕ кочи, блокира и одмага. Во моменти кога на граѓаните им треба помош, Мицкоски ги кочи процесите и ги блокира закони во Собранието. Таквото антидржавно и антинародно однесување ќе биде казнето.

Додека Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на населението и ги враќа парите кај граѓаните, градоначалниците од редовите на ДПМНЕ трошат раскалашено и ги зголемуваат цените на локалните услуги.

Зголемувањето на сметките за вода, за паркинг, на комуналните такси и услугите на Домот за стари лица во Прилеп, е доказ дека градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ги излажаа граѓаните на Прилеп.

#СДСМ останува на страната на граѓаните. Во кризни времиња ја кренавме минималната плата на 18.000 денари, а просечната плата на 30.000 денари. За 300 отсто ја зголемивме и социјалната помош, воведовме и социјална пензија. Се обезбедуваат пари за субвенции во земјоделието, средства за подобрување на државото зравството и за инфраструктурата.

Имаме план и за справување со сите нови предизвици. Со СДСМ граѓаните се безбедни, се дел од поентите изнесени на вечерашната трибина со граѓаните на Прилеп.

Имаме план и за справување со сите нови предизвици. Со СДСМ граѓаните се безбедни, се дел од поентите изнесени на вечерашната трибина со граѓаните на Прилеп. – стои во соопштението од владеачката партија.

Повеќе фотографии од настанот погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.