(Фото) Осомничен му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Осомничен во предмет му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител, пренесува Прес24.

Осомничениот вели дека случајот му го променил животот во погрешна конотација, но му била лекција за повеќе да внимава како реагира.

-Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни. Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка, велат од ОЈО.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.