Младоженецот Јерко Стојчиќ, за да отиде по својата избраничка, позајми трактор кој го украси за овој посебен момент во неговиот живот.
Откако ја “презема“ невестата, младенците продефилираа низ градот, и предизвикаа големо внимание кај граѓаните кои ги фотографираа со мобилните телефони и им посакаа среќа.
-Отсекогаш сакав на овој начин да отидам по невестата и можам да речам дека сум среќен бидејќи ми се оствари желбата. Невестата знаеше дека ќе дојдам со трактор по неа, па затоа ова и не беше големо изненадување за неа, изјави младоженецот Јерко.