Хирургот Даи Ју стана херој на кинеската нација откако неговиот колега го фотографирал како исцрпен спие на подот во операционата сала, откако 8 часа опepирал 7 пациенти без пауза.
Доктор Даи е заменик на директорот на ортопедија на Централната болница Лонганг во Шенжен, на југот од Кина.
На новинарите има раскажа дека тој и неговите колеги во понеделникот, кога е направена и фотографијата, имале 10 закажани операции. Започнале во 8 наутро и без пауза оперирале до 5 часот, а потоа анестезиолозите морале да донесат нови боци, па тој седнал на подот за да одмори и заспал.
Скромниот хирург вели дека тој не е херој и дека е негова должност на пациентите да им обезбеди најбрзо и најдобро лекување. Кога се разбудил по 15 минути, продолжил да оперира до 21 часот.