Пандемиjaта на кopoнавиpycoт и економските потреси кои ги претрпи САД ги намалија шансите за повторно избирање на актуелниот претседател Доналд Tpaмп, оценува Алан Лајтмам, експерт и предавач на Американскиот универзитет во Вашингтон.
“Доколку пандемиjaта не беснее во ноември- нема да има причина за одлагање или откаѓување на претседателските избори. Но, никогаш не можете со сигурност да знаете што би можел да направи Tpaмп. Тој не покажа разбирање за законите или за почитување на Уставот. Заинтересиран е само за себе”, вели Лајтман.
Станува збор за аналитичар кој точно го предвиде исходот на последните седум циклуси претседателски избори во САД од 1984 година. Тој очекува дека изборите ќе бидат одржани на 3 ноември 2020 и дека во случај на потешкотии поради Koвид-19, на граѓаните треба да им се овозможи “поштенско гласање”- механизам на кој Tpaмп жестоко се противи.