Малиот Харисон е доказ дека чуда сепак постојат. Неговите родители биле пресреќни кога тој дошол на свет, но набрзо нивната среќа се претворила во огромна тага кога разбрале дека момчето боледува од менингитис – опасна болест која го оштетува мозокот.
Докторите за жал немале многу надеж дека бебенцето ќе преживее, со оглед на тоа дека е мало и не може да се бори со тешката болест. Со тешка мака и неопислива болка, решиле да го исклучат од апаратите за дишење.
Сепак, малиот Харисон ги изненадил своите родители кога и покрај тоа што го исклучиле од апаратите тој не престанал да дише, туку дишел самостојно.
– Го држев во раце и се давев во солзи, не можев да се помирам со фактот дека моето мало бебе умира. Но тој дваесет минути подоцна продолжуваше да дише, а состојбата му се нормализира и стануваше се постабилна, вели Саманта, неговата мајка низ солзи.
Малото бебе по шест месеци го победи менингитисот и е здраво и весело бебе.