Ела Дворник е родена 1990 година во Загреб како ќерка на познатиот хрватски музичар Дино Дворник.
Знаеме дека сите деца на славните се под притисок да го достигнат успехот на своите родители, а Ела не е исклучок. Единствено што… успеа да стане позната по тоа што е најомразената личност помеѓу Хрватите.
Ела имаше желба да стане славна, па во јавноста се појавуваше во најразлични изданија, најчесто провокативно разголена и секогаш со различна боја на косата. Позната како девојка “без влакна на јазикот”, успеа и да испровоцира многу луѓе, па мислењата за неа се… поделени.
Се обиде да лансира музичка кариера, па издаде пет синглови кои никогаш не се пробија во музичката индустрија. Најпознат од овие синглови е песната “Хентаи” (зборот хентаи на јапонски значи анимиран порно-филм), со кој Ела неуспешно се обиде да се пробие на јапонскиот пазар, па потоа се оправдуваше дека песната е всушност пародија на јапонската поп-музика.
За среќа, Ела изгледа сфати дека нема потреба да ја оцрнува кариерата на својот покоен татко, па денес води успешен лајфстајл блог кој е еден од најпознатите во Лондон, каде што и живее со својот свршеник Чарлс Пирс.