(Фото) Ова е викендицата на Шабан: Соседи ја открија неговата голема тајна

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија, каде го имаше неговиот последен настап.

Иако беше голема ѕвезда, Шабан бил многу скромен човек, за што потврдуваат сите оние кои го познаваа.

Голем дел од времето пејачот поминувал во својата викендица во Крчедин, каде била и неговата оаза на мир.

Мештаните на оваа населба за легендарниот музичар имаат само убави зборови, а соседот на Шабан откри како изгледало кога пејачот е во Крчедин.

– Тој доаѓаше во почетокот на март и седеше тука до крајот на септември. Имаше два чамци со кои одеше на риболов. Во Крчедин се зборува дека последниот пат уловил сом од 25 килограми. Секогаш кога имаше голем улов, тој ќе ја распалеше скарата и повикуваше сите од селото, беше секогаш весел. Јас некогаш му се придружував, тој секогаш не викаше, таков беше тој. Со сите застануваше и зборуваше – вели соседот кој не може да поверува што се случило.

– Знаеше да седне сам пред куќа, да се загледа во реката и да си запее за своја душа. Беше вистински боем и сосед. Со него можев да зборувам за се, целосно природна личност. Кога и да го мачеше нешто, го споделуваше со нас, секогаш беше отворен. Зорица и Кемиш често доаѓаа тука, а во ресторанот покрај викендицата често правеше забави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.