(ФОТО) Ова е „Белиот ѓавол“: Како младиот Американец станал кинески мафијаш?

Џон Вилс е единствениот човек кој успеал да се пробие до врвот на кинеската мафија, а при тоа не е Кинез.

 

Тој во моментов служи затворска казна, а неговиот живот е опишан во книгата „Белиот ѓавол“.

Се започнало кога тогаш 16-годишниот Џон работел како вратар во бостонскиот ноќен клуб, каде спасил од тепачка еден Азијат. Азијатот по случката му го оставил својот телефонски број во случај нешто да му затреба па да го побара.

Џон (44) чиј татко го напуштил откако неговата мајка починала, свртел на тој телефонски број надевајќи се на топол оброк и покрив над главата. Но откако го направил повикот, по него дошле две BMW-a и еден млад Кинез. По 10 години од тој ден, Џон станал вториот највлијателен човек во кинеската мафија. Во тие кругови бил познат како Бац Гуаи Џон или Белиот ѓавол.

ФБИ за него вели дека е единствениот белец кој успеал да се приближи до врвот на кинеската мафија, која по правило не се меша со други националности.

Џон пред да биде уапсен станал дел од 10-те најбарани лица бегалци кои ги бара ФБИ. Еден период тој бил дури втор на листата најбарани бегалци, веднаш зад Бин Ладен.

Сепак, бандата Пинг Он, на која Џон и’ се приклучил го увидела неговиот потенцијал, а тој набрзо научил да зборува кинески и тоа на два дијалекти.

Џон започнал како ситен доставувач, кој на повисоките членови на мафијата им служел за да со сигурност им бидат доставени парите кои ги чекаат. Но, неговата лојалност како личен телохранител на Бај Минг, кој високо котирал во мафијашкиот ланец, го донела до тоа да стане десна рака на шевот на кинеската мафија.

Тој станал дел од трговијата со дрога, обложувалници и проституција. Сепак, шверцувајќи кокаин, се префрлил на оксикодон кога во 2013 година бил уапсен поради шверц на 260.000 пилули во вредност од неколку милиони долари.

Тогаш бил изведен на суд, осомничен како организатор и водач на „огромни завери“ а за своите криминални дела осуден е на 20 години робија. Сепак, тој ни ден денес не се кае за ништо.

Единствено за што му е жал, како што вели тој, е што не може да ја гледа својата девојка Ан Нгујен и нејзината ќеркичка на чиј 9-ти роденден е уапсен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.