За мистериозното суштество од езерото Лох Нес биле напишани многу “легенди”, а поради тоа и целата област стана позната туристичка атракција.
Туристичкиот водич Роналд Мекензи раскажува за најновата средба со Неси. Останатите “ловци на чудовиштето” кои редовно го следат регистарот на неговите појавувања, тврдат дека оваа фотографија го дава “најубедливиот доказ”
дека мистериозното суштество постои.
Средбата се случила на половина пат од Инвермористон, каде водата достигнува до 189 метри длабочина.
“Бевме точно на средина од езерото. Го гледав 10 секунди и никогаш во животот не видов ништо слично. Беше долго најмалку 10 метри”, вели Мекезни.
Мекензи не може со апсолутна сигурност да каже дали тоа било чудовиштето Неси. “Верувам дека во езерото постои нешто за кое никој не знае што е. Дали е голема јагула или некој голем вид на риба- или дури и Неси”, прецизира Мекензи.