ФОТО – Ножот на Гадафи вреден 10 милиони долари на црниот пазар: Бил украсен со дијаманти, смарагди и рубини

Припадниците на Одделението за борба против криумчарење на истамбулската полиција, заплениле десет милионски нож кој претходно бил украден од палатата на бившиот либиски претседател Муамер Гадафи.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834070-928177

Врз основа на сознанијата дека криумчарите треба да извршшат продажба во Истамбул на вредни предмети, кои се украдени во странство и внесени во Турција, припадниците на полицијата денес наутро извршиле претрес во еден објект во местото Есенјурт.

Притоа биле уапсени три осомничени лица, итоа еден бизнисмен и двајца негови соработници.

Полицијата во тој објект пронашла специјално изработен куфер во кој се наоѓал ножот, направен од слонова коска и украсен со сафири, дијаманти, смарагди, рубини и злато.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834113-928179

Вредниот нож бил украден од палатата на Гадафи за време на револуцијата во Либија, а во Истамбул требало да го купи некој саудиски бизнисмен.

Од истамбулската полиција тврдат дека уапсените ножот го купиле 4,6 милиони долари пред три месеци, а во Истамбул требало да го продадат за 10 милиони долари.

gadafijev-noz-foto-anadolia-1465834163-928183

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.