Во Центарот за обука во Идризово, со чинот на положување свечена заклетва, беа промовирани новите 654 полициски службеници од генерацијата 2015/2016 година.
Новите припадници на полицијата во изминатата година поминаа низ ригорозни тренинзи и обуки, за денес пред присутните 3-4000 посетители да дадат свечена заклетва.
Заклетвата младите полициски службеници ја дадоа пред врвот на Министерството за внатрешни работи.
На свеченоста говор одржа и првенецот на генерацијата Марко Јосифоски од Прилеп.
Со нивното вработување во МВР во залог ги добиваат сите успеси постигнати во минатото и сиот углед на полициската униформа кои го стекнале генерациите пред нив.
МАРКУКУЛЕ.МК