Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ после освојувањето на шампионската титула на Вимблдон се упати со семејството на заслужен одмор.
Јавноста веќе неколку дена ја „копка“ каде тоа Ноле ги „полни батериите“ после Вимблдон.
Имено, српскиот тенисер одлучил силата да си ја поврати на една екслузивна и топла дестинација – Шпанија.
Новак, заедно со семејството, убавата Јелена и децата Стефан и Тара од Лондон директно заминаа за Марбелја.
Овде живее и помладиот брат на Новак, но и некогашниот духовен гуру Пепе Имаз.
Токму овде, Ѓоковиќ го прославија роденденот на Ѓорѓе, кој наполни 24 години.