(Фото) Неверојатно откритие: Пронајден отпечаток на диносаурус стар 220 милиони години

Отпечаток на диносаурус стар 220 милиони години беше пронајден во Велс, а научниците сметаат дека откритие ќе им помогне да утврдат како се движеле овие видови.

Четиригодишната Лили Вајлдер го забележала отпечатокот во Бендрикс Беј, Бери, додека била на прошетка со нејзниот татко во почетокот на овој месец.

Отпечатокот е голем 10цм и се смета дека припаѓа на диносаурус кој бил висок околу 75цм- но сепак, не е можно точно да се утврди видот на диносаурус.

“Ова беше откритие на Лили и нејзиниот татко”, изјави мајката на Лили.

“Ричард мислел дека тоа е предобро за да биде вистина. Ги известив научниците од националиот универзитет и тие потврдија дека се работи за големо откритие”, вели таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.