Две 10-годишни момчиња во домот на нивната баба пронашле два предмети кои вредат вистинско богатство.
Штом беше воведен кapaнтинот во земјата, нивните родители одлучиле да го напуштат Париз и да одат во семејната куќа југозападно од главниот град.
Момчињата сакале во градината да направат импровизирана куќарка. Нивниот татко им рекол да ги земат старите чаршафи од орманот на нивната баба.
Додека ги извлекувале, испаднале два прилично тешки предмети, раскажува Филип Руијак, локален антиквар и колекционер.
Pendant le confinement, l’activité de l’hôtel des ventes n’a jamais cessé, explique le #Vendômois Philippe #Rouillac qui a vu arriver… des lingots d’or retrouvés dans une pile de draps #NRVendômehttps://t.co/HHaLS6vNJT
— nr vendome (@NRVendome) May 19, 2020
На децата овие предмети не им биле интересни па ги вратиле во орманот. Но на нивниот татко му кажале што се случило, а тој ги замолил да ги донесат предметите.
Кога добро ги погледнал, го повикал Руијак и му испратил фотографии, а тој му објаснил дека се работи за златни плочки, тешки по еден килограм.
Нивната вредност е проценета на 100.000 евра.