Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот на светот”- Jeбел Фихрајн.
Станува збор за 300 метри високи карпи кои овозможуваат неверојатен поглед на камената пустина. Дел се од формацијата која, како природен ѕид, го заградува преминот Џабал Туваик. Формацијата настанала како последица на мрдањето на арабската плоча, која е геолошки најстариот дел на Азија и една од главните литоферни плочи на планетата.