ФОТО: На детето на кое никој не му дојде на роденден му се оствари најголемата желба

Шестгодишниот Теди ќе го памти овој роденден. Откако на прославата ги поканил сите 32. соученици и пријатели, а никој не се појавил, светот го обиколи фотографија на која тој седи сам покрај масата во една пицерија полна со чинии.

Неговата мајка Сил Мазини од некои родители добила информација дека нивните деца нема да можат да дојдат, но ниту не сонувала дека ама баш никој нема да се појави. Теди набргу почнал да прима роденденски честитки од цел свет, а му се остварила и најголемата желба да присуствува на кошаркарски натпревари.

Клубот Феникс Санс одлучил детето да го почести со влезници за натпреварот против Лос Ангелес Лејкерси за да Теди прослави со илјадници луѓе.

Теди добил дрес и имал чест да ги запознае играчите и со нив да се ракува а од седиштата на самиот терен во живо го гледал ЛеБрон Џејмс.

Но, на изненадувањата тука не им е крајот. Фудбалскиот клуб The Phoenix Rising го поканил Теди на натпревар во петок. „Им благодарам на сите на роденденските честитки. Голем бакнеж“, порачал Теди во видео.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.