Убедливо најинтересниот оглас е објавен од страна на еден граѓанин во српскиот весник „Политика“.
Главата на семејството Џуриќ, всушност упатил извинување до својот син Илија, бидејќи се сомневал во неговиот академски капацитет.
-Се извинувам што не верував дека ќе дипломираш на Електротехничкиот факултет, напишал тој.
Неговата постапка заслужи голем аплауз, особено затоа што досегашната пракса на огласувања била со негативни коментари, како на пример одрекување од сопругата и децата.