Подготовките за летната сезона полека почнаа, а благодарение на Бионсе, Тејлор и Гиги веќе знаеме на кои модели треба да обрнеме внимание.
Едноделни
Овие модели се класични, секси, модерни и софистицирани. При купувањето мошне е важно да изберете добра големина за костимот во целост да се прилагоди на телото и да ја издолжи силуетата. Едноделните костими за капење може да сокријат и некои недостатоци како стомак, но и да ги нагласат атрибутите. Ако се одлучите за овој модел, бидете сигурни дека тој ќе ви ја истакне самодовербата, држењето и ќе остави доволно за фантазијата…
Бикини со длабок појас
Моделите на костими за капење со длабок појас се омилени меѓу дамите, затоа што визелно ги издолжуваат нозете и целокупната фигура, а посебно го нагласуваат појасот. Кај пониските жени тие создаваат привид на фигура со облик на песочен часовник, а кај дамите со облини ја прават половината потенка. Покрај тоа овој стил е мошне ретро, а истовремено и младешки.
Триаголни
Триаголните бикини костими за капење за оваа сезона се неизбежни. Тие се едноставни, спортски, а изгледаат мошне секси. Овој стил исто така може да ги корегира недостатоците, а познато е дека визуелно ги зголемува градите. Исто така, совршено стои и на жени со поголеми облини.