Египетските археолози во близина на градот Луксор пронашле повеќе од 20 дрвени саркофази.
Саркофазите имаат дречливи бои, а откриени се во некрополот Асасиф кој се наоѓа на западната страна од Нил. Биле поставени во два реда, едни над други.
Египетското министерство за антиквитети ова откритие го нарекло “едно од најголемите и најважните” во последните неколку години.
Голем број на гpoбници во некрополот Асасиф потекнуваат од периодот меѓу 664-332 година п.н.е.