ФОТО: Нашиот Кристијан Воденски избран за најдобар борец на годината во Германија

2

Нашиот Кристијан Воденски е избран за најдобар е избран за најдобар борец за 2015 година во детската категорија во Германија. Ова признание доаѓа од изборот на специјализираната веб-страница за боречки вештини „ГФН” (German fight news).

Токму German fight news го избра 10-годишното Македонче Кристијан Воденски за „борец на годината за деца”. Успесите на сестраниот спортист што живее со семејството во Германија, а одбра да настапува за Македонија и покрај понудите да добие германски пасош, го привлекоа вниманието на новинарите од овој портал.

Во текстот посветен на наградата се вели дека чудото од дете во боречки вештини, Кристијан Воденски, е добитник на овогодишната титула “борец на годината на GFN за деца” и дека припаѓа на светската елита во неговата конкуренција.

33

Кристијан претходно доби плакета за успешната сезона во борење (грчко-римски стил), во која нема пораз во целото првенство, бранејќи ги боите на Гризхајм. Покрај споменатите титули во граплинг (бразилско џу-џицу), малиот Кико иma титули национален првак и во други боречки вештини, како кикбокс, таеквондо, а есенва почна да настапува и во бокс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.