Научниците успеаа да креираат роботи кои самите ќе можат да се размножуваат.
Тим истражувачи минатата година објавија дека ќе создадат синтетички форми на живот составени од клетки на кожа и клетки на срцевиот мускул добиени од ембриони од жаба.
Овие креации беа наречени Xenobots, што потекнува од латинското име за африканската жаба со канџи: Xenopus laevis.
Според извештајот објавен во Националната Академија за наука во Британија, Xenobots биле видени како се движат, туркаат или носат предмети, кои би можеле да имаат реална примена во чистењето на микропластиката или во медицинската област.
Коавторот, професорот Мајкл Левин, објасни како тоа би можело да биде решение за „трауматски повреди, вродени дефекти, рак и стареење“, доколку тие можат добро да ја прилагодат способноста да им кажат на роботите што да прават.
Но, Xenobots, исто така, биле видени како се репродуцираат, и тоа го прават на начин што научниците досега не го виделе.
„Откривме дека синтетичките повеќеклеточни склопови можат и кинематски да се реплицираат со поместување и компресирање на дисоцираните клетки во нивната околина во функционални само-копии“, се вели во студијата.