(ФОТО) Мрачната тајна на Слободан Милошевиќ !

Животот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ воопшто не бил лесен ако се погледне неговата мрачна животна приказна

Поминаа 18 години од големите демонстрации на 5 октомври 2000 година во Белград, кога Слободан Милошевиќ беше присилен да ја предаде власта. Милошевиќ во меѓувреме почина во затворот во Хаг, неговата сопруга Мира живее во Москва, а ќерката и синот имаат бизнис во Русија, Малта и во уште неколку други држави во регионот.

Животната приказна на Милошевиќ е мрачна поради разводот на неговите родители, а подоцна и нивните самоубиства.

Професорката Смиља Аврамов своевремено раскажуваше дека родителите на Милошевиќ се развеле, а причината за разводот е тоа што неговата мајка од татко му барала да го напушти свештеничкиот повик.

“Мајка му Станислава била многу “комунистички” ориентирана, бидејќи нејзиниот брат бил генерал. Тој завршил на Голи оток и таму починал. А таа по тој настан се обесила во 1972 година. По разводот постариот брат на Слободан, Борислав останал со татко му, а Слободан со мајка му”, раскажува Аврамов.

Во книгата “Ватре и потоп” Перо Симиќ и Дејан Лукиќ пишуваат дека Светозар Милошевиќ, таткото на Слободан, го напуштил Пожаревац и го оставил семејстовото “кога Слободан имал само 4 години”, односно “немал никаков контакт со сопругата и синовите”. Заминал да живее и да работи во Црна Гора, каде во 1962 година се убил. Слободан Милошевиќ не присуствувал на неговиот погреб, за разлика од неговиот брат Борислав.

Во 1972 година мајката на Слободан Милошевиќ си го одзела животот. Милошевиќ бил посебно поврзан со својата мајка, па нејзината смрт особено го погодила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.