(Фото) Момироски: “Не можев да поверувам, па појдов лично да се уверам. Премиерот ужива во хотел во Јанче”

Откако вчера во јавноста се појави шпекулацијата дека Зоран Заев е на мото турнеја и е во хотел во Јанче, новинарот Горан Момироски лично отишол да се увери дали навистина оваа информација е точна. Тој вели дека информацијата е точна и дека заев навистина е во прекрасен хотел во Јанче.

Новинарот Момироски вели дека додека луѓето се борат за воздух, Заев и Филипче пијат вино покрај Радика.

Целост статус може да го погледнете во продолжение:

– Не можев да поверувам и отидов лично да се уверам. По 22 часот со уредна дозвола за движење во полициски час лично се уверив дека премиерот Заев ноќва е во прекрасен хотел во Јанче.

Не ги објавувам снимките затоа што се од неговата соба во хотелот и затоа што имам достоинство.

А како може да вози мотори и да оди по хотели додека народот му ymира и се мачи да добие за легло во Koвид центрите тоа нека си го одговори пред Бога ако утре појде во Св. Јован Бигорски да запали свеќа за здравје.

Посебна приказна е колку е лежерен да седи без завеси во собата додека низ светов шетаат 215 kpиминалци што неговата влада наводно ги пријавила во Интерпол а ДЕА му апси шефови на полиција и возачи на негови најблиски роднини и бизнис партнери.

Жалам ако им го расипав прекрасниот викенд на премиерот и неговиот министер за здравство кои вечерва додека стотици луѓе се борат за воздух пијат убаво вино покрај Радика.

Не е само Радика таа што нема да им заборави…, пишува Момироски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнетe ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.