Една од жените кои се тркаат на 5.000 метри застана за да помогне на друга натпреварувачка на Олимписките игри во Рио. Ники Хамблин од Нов Зеланд падна за време на трката и ја сопна Аби Д-Огостино од САД. Аби наместо да го сврти грбот и да продолжи, со што ќе добие предност, застана и како голем човек и помогна на својата ривалка да стане.