Прилеп е град од кој произлегле најдобрите пинг-понгари во Македонија. Еден таков талент неспорно е 13-годишниот Мартин Ристески.
Мартин тренира пинг-понг 3-4 години, и за многу кратко време се искачи во врвот во Македонија во овој спорт, во категорија на кадети.
Освојувач е на дваесетина медали од домашни, но исто така и на натпревари во странство. Ристески е член на пингпонгарскиот клуб “Младост 96”, но како позајмен играч со двојна регистрација се натпреварува во сениорската Прва лига за пингпонгарскиот клуб “ПРИЛЕП”, а со цел да стекне што поголемо искуство.
Маркукуле неодамна објави за скорешниот успех на Мартин, на новогодишниот турнир во Подгорица, Црна Гора и освоеното трето место во категорија млади кадети.
Ристески исто така во февруари зеде учество на Меѓународниот меморијален турнир “Илија Карески-Каре”, каде го освои второто место во кадети, а изминатиот викенд настапи и на Телеком Мастерс турнирите, кои се одржаа во спортската сала на ООУ “Кире Гаврилоски” во Прилеп.
Младиот пинг-понгар се закити со трето место во категорија за деца до 15 години, а освои и прво место во категорија за деца до 13 години, со што се искачи на самиот врв на ранг листата во Македонија за таа категорија.