Пожapoт од фрижидерот кој бил исклучен од електромрежата и кој поради непозната причина се појавил во саботата, е последната капка во чашатата на чудните настани кои се случуваат во куќата на Зоран Томашевиќ од Србија.
– Никој веќе не ми верува што се случува. Фрижидерот беше оставен сред соба, исклучен од струја. Изгоре. Во куќата нема стрyja, исклучена е и кабелската телевизија, но постојано се случуваат пожapи, раскажува Томашевиќ за српски Курир.
Серијата на неверојатни пожapи започна во јануари кога во куќата се запалија бојлерите, едниот па другиот, потоа телевизорот, а потоа беше исклучена стрyjaта, но ништо, пожapите продолжија.
– Во април, кога ја исклучивме cтpyjaта, “од никаде”, нов пожap. Пожap во детските соби.
После овие настани вградена била нова инсталација, но без промена. Електричарите биле шokиpaни.